Томе Атанасов е роден во Скопје, во 1984 година. Започнува да свири на обоа во Средното музичко училиште во Скопје, во класата на проф.м-р Васил Атанасов. За време на студиите добива бројни државни и меѓународни награди за обоа и камерна музика. Во текот на школувањето настапува како солист со оркестарот на Средното музичко училиште и со Македонската Филхармонија.
Во 2002 година е добитник на стипендија на летната музичка академија “Interlochen Arts Academy” во САД каде до 2003 година се усовршува во класата на проф. Daniel Stolper. Во 2003 започнува студии на Folkwang Musik Hochschule во Есен, Германија, во класата на проф. Pierre Feit и подоцна проф. Michael Niesemann, каде што и дипломира. Учествува на семинари со светски познати обоисти како David Walter – Франција, Горѓи Желјазов – Бугарија, Elane Douvas – USA и други.
Томе Атанасов има остварено голем број на концерти и рецитали како солист, како член на триото „Атанасов”, како солист со камерниот оркестар „Скопски солисти” и камерниот оркестар „Симфонија” од Софија, a настапува и на манифестации како: „Скопско лето“, „Охридско лето“, Mozart Festival – Р.Бугарија. Покрај нив, како солист извел концерти со Kammerphilharmonie Koln на турнеи во Германија, Франција, Холандија, Белгија, Италија, Шпанија, Гибралтар, Швајцарија, Данска, Шведска, Австралија, Нов Зеланд, САД, Кина, Ј.Кореја. Соработува и со оркестрите Klassische Philharmonie – Bonn, Frankfurter Philharmoniker, Philharmonie Orchester – Hagen, Kammerphilharmonie Gütersloh, Philharmonie der Nationen – Germany. Во 2014 година е промовиран компакт дискот на Kammerphilharmonie Koln, на кој Томе се јавува како солист во два концерти.
Томе Атанасов како соло обоист реализиран повеќе од петстотини концерти во престижни сали како: Palau de la Musica Valencia – Шпанија, Sidney Opera House – Австралија, City Recital Hall Angel Place –Австралија, Sala Bulgaria – Софија, Бугарија. Томе е добитник на наградата „Феникс“ на општина Центар - Скопје во 2015 год., за врвни постигнувања во музичката уметност. Од септември истата година работи во Оркестарот на Македонската опера и балет.