Елена Костовска - пијано

Елена Костовска родена во Скопје, го завршува средното музичко училиште „Илија Николовски Луј“ во пијано класата на проф. Драгољуб Апостолов. По завршувањето на Факултетот за музичка уметност во класата на проф. Тодор Светиев, во 1997 година ги започнува постдипломски студии по пијано на Високата школа за музика во Есен-Дуизбург, Германија во класата на проф. Бернард Вамбах. Магистрира на истата школа во 1999 година, како стипендист на Лионс Клубот од Дуизбург, Министерството за култура на Република Македонија и Сорос фондацијата.
 
Во меѓувреме учествува на натпревари, бројни мајсторски школи кај познати пијанисти и педагози (В. Крпан, Е. Корољов, А. Валдма), а посебно плодна соработка остварува со пијанистката Жени Захариева од Софија, Бугарија, проф. Арбо Валдма од Келн, Германија, а во изминатата деценија соработуваше со  реномираниот професор Питер Фојхтвенгер (1939-2016) од  Лондон, Англија.
 
Костовка има одржано  солистички концерти во Македонија,Германија,Софија и Лондон. Учествува и на бројни камерни концерти. Mоментално работи како наставник по пијано во ДМБУЦ.