Пијанистката Билјана Димовска е родена 1978 год. во Битола каде го завршува Средното музичко училиште во класата на проф. Маргарита Татарчевска. Во 2000 год. дипломира, а во 2003 год. магистрира на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф. Тодор Светиев.
Има настапувано на повеќе значајни манифестации во нашата земја: „Денови на македонската музика”, „Скопско лето”, „Битолско културно лето” „Хераклејски вечери“, „Денови на полската култура во Македонија”, „Музички вторник“, а во 1998 год. во склоп на меѓунардниот фестивал „Интерфест“ настапи на „Подиум на млади“. Учествувала на семинари и мастер класи кај светски познати пијанисти.
Добитник е на повеќе државни и меѓународни награди: I награда на Интернационалниот натпревар во Бугарија “Нашите деца го свират Бах”; Специјална награда „Стефан Трајанов“ на истиот натпревар. Настапувала како солист со Македонската филхармонија и со Симфонискиот оркестар при Факултет за музичка уметност во Скопје. Настапува и како камерен музичар, а во 2005 год. заедно со саксафонистот Боби Коминовски издаваат и ЦД.
Работи во Државното средно музичко училиште во Битола како професор по пијано и музички соработник.