Почетна
Вести
Златна лира
Рецензии
За нас
Членови
Галерија
Контакт
Татјана Божиновска - пијано
Татјана Божиновска - пијано
22.08.2018
Членови
Татјана Божиновска е родена 1980 год. во Битола. Во 2002 год. дипломира, а во 2005 год. и магистрира на Факултетот за музичка уметност во Скопје, отсек пијано, во класата на проф. Тодор Светиев. Во 2009 год. запишува и Докторски студии на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Има одржано повеќе концерти и рецитали: Бугарија, Србија, Романија, Франција, Италија, Америка, Хрватска, Австрија.
Настапувала и на повеќе значајни манифестации како: „Охридско лето“, „Денови на македонската музика”, „Скопско лето”, „Хераклејски вечери”, „Битолско културно лето”, „Штипско лето”, „Пролетни вечери”, „Есенски музички свечености”, „Денови на полската култура во Македонија”, „Ден на културата во Битола”, „Музички вторник“, „Златна лира“, „Интерфест“ – Битола, North Quabbin's Center for Performing Art во Њу Салем, Масачусетс, САД, како солист со Македонската филхармонија и со Битолскиот камерен оркестар.
Божиновска е членка на триото „Интерарт”, со кое активно концертира во земјата и надвор, на меѓународни фестивали и натпревари и реализира три компакт дискови.
Добитничка е на повеќе државни и меѓународни награди:
2000 - Специјална награда за најдобра изведба на романско дело и Специјална награда “Gheorghe Halmos” за најдобра пијанистичка интерпретација на “Aperto”- Интернационален натпревар за камерна музика во Букурешт, Романија.
2002 - II награда на Интернационалниот натпревар за пијанисти - „Интерфест”- Битола и Специјална награда за најперспективен битолски пијанист
2006 - I место, односно Diploma d’Onore на “Tornero internacionale di misica”– Меѓународниот натпревар за камерна музика во Париз, Франција - како член на триото „Интерарт”
2006 - Добитник на највисокото битолско признание „4 Ноември“ - како член на Триото „Интерарт“
2007 - Добитник на наградата „Најуспешни битолчани за 2006 год.“ - како член на Триото „Интерарт“ - во организација на Битолски весник
2009 - III место на Интернационалниот фестивал Premio “Citta di Padova” во Падова, Италија - како член на Триото „Интерарт“
Од 2003 год. е и активен член во организацијата на Здружението на млади музички уметници од Битола. Членка е и на пијанистичкото дуо со Билјана ДИмовска со кое активно концертира. Учесник е во европскиот проект „Пијано рефлексија на европската култура“ кој се одржува во пет земји: Франција, Австрија, Молдавија, Полска и Македонија (2009-2011). Работи во Државното музичко училиште во Битола како професор по пијано и музички соработник.
Категории
Членови
Рецензии
Нова категорија