Почетна
Вести
Златна лира
Рецензии
За нас
Членови
Галерија
Контакт
Златна лира 2024: Подиум на млади
Златна лира 2024: Подиум на млади
16.10.2024
Концерти, Актуелно
Концерт на добитниците на наградата на СМУМ на натпреварот „Охридски бисери“
Недела, 20 октомври 2024, 20 часот, Музеј на македонската борба
Програма: Л. ван Бетовен, Ф. Шопен, Т. Зографски, Ф. Лист, Џ. Тартини, Д. Шостакович, А. Шнитке
Иван Стојанов – пијано
Иван Стојанов е роден во 2006 година во Кавадарци, Македонија. Со музиката започнува на 8 години, првично изучувајќи саксофон во музичкото училиште „Лазо Мицев-Рале“ во Кавадарци. За кратко време се истакнува со својот талент, освојувајќи награди на меѓународни натпревари во Пожаревац и Охрид. Подоцна, се пренасочува кон пијаното, што го отвора патот кон многубројни успеси на национално и меѓународно ниво. Иван завршува основно образование под менторство на проф. м-р Весна Павлова и го продолжува образованието во ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ – Скопје, во класата на проф. м-р Катерина Ќетковиќ-Фидановска. За време на неговото образование, Иван освојува бројни награди на пијанистички и теоретски натпревари, вклучувајќи први места на државни натпревари и специјални награди. Настапува на концерти организирани од неговото училиште и музичка младина, а на 01.06.2023 дебитира со Македонската филхармонија. Иван учествува на меѓународни семинари и летни школи каде што работи со врвни професори од Хрватска, Турција, Германија и други.
ПИЈАНО ТРИО: Ана Кузманоска – пијано, Лина Николоска – виолина, Антица Николоска - виолина
Ана Кузманоска
е родена на 3. декември 2011 година и живее во Охрид, Македонија. Таа е редовен ученик во ООМУ „Методи Патче“ – Охрид, во класата на проф. Ана Ѓорѓиоска. Ана активно учествува на концерти организирани од училиштето, како и на бројни надворешни настани, демонстрирајќи својата љубов кон музиката и талентот на сцената. Нејзината посветеност и труд се видливи и на натпреварите, каде што постигнува извонредни резултати на општински, регионални и државни нивоа, а исто така учествува и на меѓународни натпревари во Република Македонија и странство. Досега, Ана ги има постигнато следниве значајни резултати:
2019 год. „Охрид те сакам“ (Охрид) – I награда
2020 год. „Млади таленти“ (Скопје) – Специјална прва награда
2021 год. Општински, регионален и државен натпревар – 1-во место
2021 год. „Охрид те сакам“ (Охрид) – II награда
2021 год. „Нови ѕвезди“ (Париз) – II награда
2022 год. Општински, регионален и државен натпревар – 1-во место
2022 год. „Полихимнија“ – Специјална прва награда и награда за Најуспешен млад натпреварувач
2022 год. „Нови ѕвезди“ (Париз) – III награда
2023 год. „Даворин Јенко“ (Белград) – II награда
2023 год. „Џовани Музицисти“ (Тревизо) – III награда
2023 год. Општински, регионален и државен натпревар – Специјална прва награда
International Competition Tartini 2024 (Пиран) – Втора награда
Меѓународен натпревар „Охридски бисери“ 2024 – Прва награда
Лина Никол
о
ска
е родена на 25 октомври 2009 година во Охрид, Македонија. Таа го започнува своето образование по виолина во ООМУ „Методи Патче“ – Охрид, под менторство на проф. Христина Пецаковска Николеска. Со својата посветеност и извонреден талент, Лина учествува на бројни домашни и меѓународни натпревари, каде што постигнува значајни успеси. Меѓу нејзините најзначајни награди се:
Прва награда на „Охридски бисери“ 2024 година
Втора награда на „International Competition Tartini“ во Пиран, 2024 година
Сребрен медал на „The golden keys – Les sled d’or“ во Париз, 2021 година
Прва награда на „Полихимнија“ во Скопје, 2021 година
Трета награда на „Giovani Musicisti“ во Тревизо, Италија, 2019 година
Втора награда на „Охридски бисери“ 2018 година
Прва награда на „International Arskosova music Competition“ во Приштина, Косово, 2018 година
Прва награда со 100 поени на Државниот натпревар во 2018 година
Настап на „Concerti del Tempietto“ во Рим, Италија, 2017 година
Лина го продолжува своето образование во ДМУ „Тодор Скаловски-Тетоец“ – Струга, под менторство на проф. Христина Пецаковска Николеска, и продолжува да се развива како талентиран млад музичар.
Антица Николоска
е млад талент на виолина од Охрид, која со само 11 години веќе постигнала значајни успеси во музичката сфера. Таа го започнува своето изучување на виолина на 7-годишна возраст и за кратко време успева да освои неколку престижни награди на натпревари, вклучувајќи:
Трето место на Државниот натпревар во Скопје (26-28.05.2021 година)
Втора награда на Државниот натпревар во Скопје (18-19.05.2022 година)
Прва награда на Меѓународниот фестивал „Полихимнија“ во Скопје (2022 година)
Прво место со 100,00 бодови на Државниот натпревар во Скопје (17-18.05.2023 година)
Втора награда на Меѓународниот фестивал „Полихимнија“ во Скопје (2023 година)
Втора награда на „International Competition Tartini“ во Пиран (2024 година)
Прва награда на Меѓународниот натпревар „Охридски бисери“ (2024 година)
Антица учи во ООМУ „Методи Патче“ во Охрид под менторство на проф. Мухамед Бајрам.
Влезот е слободен.
Категории
Рецензии
Концерти
Актуелно