Четврток, 31 октомври
Музеј на македонската борба, 20 часот
КОНЦЕРТ НА ТРИО АУРА
(Добитници на наградата „Златна лира“ во 2023 година)
Програма: Т. Јанса, Ф. Девиен, М. Бонис, З. Новачиќ, Х. Битфинк
Камерниот состав Трио АУРА го сочинуваат тројца истакнати македонски музички уметници: флејтистот Страшо Темков, пијанистката Ана Гацева и фаготистот Марјан Милошевски, кои истовремено се редовни професори на Факултетот за музичка уметност во Скопје.
Триото АУРА има долга и богата концертна кариера, како во Македонија, така и на меѓународната сцена. Нивниот репертоар вклучува бројни солистички и камерни настапи во САД, Франција, Германија, Швајцарија, Белорусија, Австрија, Англија, Бугарија, како и во Азија, Африка, Србија и Словенија, на кои добиваат исклучително позитивни критики. Музичките рецензенти ги нарекуваат „мајстори на својот инструмент“, а нивните импресивни настапи на значајни фестивали како Охридско лето, Скопско лето, Златна лира, БУНТ Белград, Софија, Нишки фестивал, Фестивал Барски љетопис, Еспресиво – Цетиње, Нимус, Ледамус, Врање, Ваљево и многу други, ги позиционираат меѓу најдобрите и најактивни музички изведувачи во Македонија.
На концертните сцени, како дома така и во странство, Трио АУРА изведува дела од различни музички епохи и стилови. Впечатлива е нивната посветеност на промоцијата на нови дела од македонски композитори, специјално компонирани за нивниот состав.
Нивното високо естетско камерно музицирање се карактеризира со „изразено чувство за експресивност, музичка симбиоза и компактност на звукот и изразот“.
Влезот на концертот е слободен.